Утрински Весник
Магазин

Покрај убавиот мирис, циметот има и антибактериски својства

20240808110439 Big 730x400 53.webp.webp

Покрај убавиот мирис, циметот има и антибактериски својства. Имено, додавањето цимет во водата за чистење на подот има неколку придобивки за просторот за живот и домување.

– Користењето цимет во водата во којашто ги натопувате вашите крпи може да остави пријатен мирис во просторијата, изјави Петја Холевич, стручњак за чистење куќи и домови и менаџер во „Фантастик сервисес“ (Fantastic Services). – Но, избегнувате да користите премногу цимет, бидејќи може да остави траги на подот доколку не се разреди правилно…

Наместо да нанесувате цимет директно на крпата, тaa препорачува во самиот раствор за чистење да се додаде цимет.

– Ќе ви треба топла вода, неколку капки благ детергент за садови и едно до две стапчиња цимет или лажичка мелен цимет. Измешајте ги состојките во кофа со вода, оставете го циметот да кисне неколку минути за водата да го добие тој мирис на цимет. Потоа, исчистете го подот, како и обично, само сега со додаден цимет во растворот. Топлината и движењата на бришење ќе го рашират мирисот на цимет во воздухот, оставајќи ја просторијата миризлива, додека топлата вода и благото средство за чистење темелно ќе го исчистат подот, додаде таа.

Елизабет Шилдс, професионална чистачка и менаџерка во „Супер клининг сервис Лујсвил“ (Super Cleaning Service Louisville), се надоврзува со тоа дека „циметот има повеќе антибактериски својства“, што значи дека е повеќе од само површен додаток во рутината а чистење.

– Циметот има природни антибактериски својства, па кога се додава во раствор за чистење, тој може да помогне да се убие или да се спречи растот на бактериите на површините. Тоа го прави природно и делотворно антибактериско средство за чистење во домаќинството, заклучи таа.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста