Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Покрај топлотниот Африкански бран, во следните денови во атмосферата ќе биде присутна Сахарска прашина и песок

1722358380 108.zoomdload.png
300x250 opst2

Почитувани мои, покрај многу високите температури кои ги очекуваме  и во следниот период, од утре (среда) во попладневнитењ часови, па се до крајот на оваа недела повторно од Сахара кон нашата територија, но и на територијата на целиот регион ќе се врши транспорт на прашина  и на песок, со што и Атмосферата повторно ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно, па така температурите на воздухот ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.

Ваквата ситуација е поради јужното и југозападно струење на висина, па така оваа Сахарска прашина и песок најпрвин ќе ја зафати југоизападна  и западна Европа, потоа ќе се преместува кон централна Европа и северен и централен Балкан, и утре попладне ќе пристигне  и кај нас во Македонија.

Сепак, не се работи за огромно количество на прашина и песок како изминатите пати кога имавме пустинска прашина  и песок, тука таа ќе биде во значително помали количини.

Можете да прочитате

Реакција на министерот Муцунски на денешната изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Возачот на министерот за здравство е тој што беснееше по „Партизанска“ во Скопје

Битолчанец продавал марихуана на затвореници