Утрински Весник
Скопје

Поголем дел од Скопје во сабота ќе биде без вода

Voda.webp.webp

Поради излевање на вода на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4, в сабота на 21 декември ќе биде затворен главниот градски цевковод во кругот на касарната во Ѓорче Петров за да се санираат неколку сериозни дефекти, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од претпријатието најавија дека ќе бидат поправени и три дополнителни дефекти на затворачи по должината на цевководот Ф1600мм, кој се протега од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар „Партизански одреди“ со улицата Никола Парапунов.


– Затворање на вода на главниот градски вод Ф1600мм се прави еднаш на педесет години, а последно такво затворање било 1991/1992 година за реализација на водоводен приклучок на бунарското подрачје Лепенец. За решавање на дефект од овој тип се изготви оперативен план со кој поефикасно и побрзо ќе се санира истиот. Со овој зафат покрај тоа што се врши санација на дефектите на претходно споменатите затворачи, дирекно ќе се намали загубата на вода од нивно протекување и ќе овозможи ревитализација на потегот од Ѓорче Петров до Карпош – се вели во соопштението.

Почетокот за реализација на оперативниот план и затворање на вода во главниот градски цевковод Ф1600 е планирано да отпочне од 21.12.2024 година, а ќе трае до завршување на интервенцијата.

Можете да прочитате

Нема да има потреба од дотур на вода, вели Арсовска за најавениот прекин во водоснабдувањето во Скопје

Герасимовски: Преку хуманитарни базари ги учиме децата на солидарност и емпатија да помагаат кадешто е најпотребно

Повеќе делови од Скопје утре ќе останат без струја