Утрински Весник
Магазин

Погледнете ја листата на 10 најпаметни градови во Европа

Rs5842 Istock 838366658 Scr 1563342489.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Според најновиот Индекс на паметни градови од технолошката компанија ProptechOS, најпаметен град е Париз.

Платформата анализираше сè, од достапноста на Wi-Fi до бројот на дрвја, пристапот до аеродромите и техничките работни места.

Француската престолнина доби 91,8 од 100 поени за поврзување и инфраструктура и 89,1 на пазарот на труд во технологијата, додека во зелената инфраструктура доби само 51,4, па вкупниот резултат е 76,4.

Париз го престигна победникот од 2023 година, Лондон, кој падна на второто место со резултат од 73,1, но постигна многу подобри резултати особено во зелената инфраструктура, со 63 во таа категорија.

Третото место му припадна на Амстердам со вкупен резултат од 72,8, но импресивни 75,4 во зелената инфраструктура, највисока на листата. Амстердам е инаку познат по развиената велосипедска инфраструктура и сообраќај, што секако придонесе за неговиот висок пласман.

Берлин е четврти со 69, а Мадрид петти со 68,5 отсто.

Погледнете ја листата на 10 најпаметни градови во Европа:

1. Париз
2. Лондон
3. Амстердам
4. Берлин
5. Мадрид
6. Лисабон
7. Стокхолм
8. Луксембург
9. Даблин
10. Копенхаген

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“