Утрински Весник
Спорт

Погба: За друга цел ангажирав врач, а не за да му наштетам на Мбапе

Погба: За друга цел ангажирав врач, а не за да му наштетам на Мбапе

Пол Погба неодамна се најде во центарот на бизарен скандал откако неговиот брат Матијас во видео-обраќање најави дека ќе ја објави „вистината“ за францускиот репрезентативец што ќе ја натера јавноста да го смени мислењето за него.

dobivaj vesti na viber

Во приказната се спомнува дека Погба преку врач го проколнал Килијан Мбапе, а играчот од средниот ред на Јувентус одговори дека со месеци е жртва на изнуда и дека неговите поранешни пријатели и братот Матијас го киднапирале и му барале пари кои не им ги исплатил кога станал богат и славен.

Како што пренесува порталот „Франс инфо“, Погба признал дека навистина и ангажирал врач. Сепак, играчот од средниот ред на Јувентус негира дека тоа го направил за таа да го повреди Мбапе. Тој тврди дека на овој начин сакал да помогне на една хуманитарна организација во Франција.

Погбај додаде дека е убеден оти неговиот постар брат Матијас е под притисок на гангстери кои сакаат да му наштетат. Според истиот извор, Погба веќе двапати го сменил бројот на мобилниот телефон во последниот месец за да се обиде да избегне рекет.

Светскиот шампион со триколорите на крајот платил 98.000 евра од вкупно 13 милиони евра, сума што ја барале луѓето. Тој потоа се обратил и побарал помош од италијанската и француската полиција

Се тргна наопаку кога Погба беше принуден да избрка пријател од својата куќа во Манчестер бидејќи потрошил 200 илјади евра од неговата картичката. Пријателот потоа се здружил со други луѓе кои сакале да му наштетат.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина