Утрински Весник
Спорт

Погба добил понуда, 100 милиони евра по сезона

Погба добил понуда, 100 милиони евра по сезона
Dik 300x250 mk

Пол Погба (30) минатото лето бесплатно пристигна од Манчестер Јунајтед во Јувентус. Францускиот играч за врска минатата сезона настапи на осум натпревари за Јувентус и одигра 161 минута. Погба го мачеа повреди во текот на целата сезона.

dobivaj vesti na viber

И додека Погба се подготвува за стартот на новата сезона, од Италија пристигнуваат вести дека тој би можел да заврши во Саудиска Арабија. Новинарот Ромео Агрести тврди дека Погба е заинтересиран за трансфер во Ал-Итихад во кој настапуваат неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата Карим Бензема и Н’Голо Канте.

Погба го посетил клупскиот камп, а Саудијците наводно му нудат 100 милиони евра по сезона.

Сепак, некои извори од Италија тврдат дека Погба останува во Јувентус бидејќи чувствувал дека му должи на клубот поради претходната сезона во која не можеше да даде никаков придонес поради постојаните повреди.

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа