Утрински Весник
Македонија

Поевтинуваат дизел горивата – 24info.mk

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар. Цената на бензините останува иста. Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,1 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 66,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 75, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 77 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,902 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,963 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,220 отсто, кај дизелот за 3,302, кај екстра лесното масло за 2,323 и кај мазутот за 4,403 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0096 отсто.

Можете да прочитате

Апсење во Гостивар: Судски службеник нудел бришење казна за 100 евра

Левица: Октопод во ДКСК – архивата алатка за прикривање на предмети од ДПМНЕ

Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите, прашуваат од СДСМ