Во конфликтот во Украина ќе победи само едната страна, нема да има компромис, изјави Михаил Подољак, советник во кабинетот на Владимир Зеленски.
Тој нагласи дека Украина нема да прави отстапки, руската страна нема да добие нови договори од Минск.
„Русија мора да загуби… да ја плати штетата… Само на овој начин може да се обнови безбедноста, стабилноста и предвидливоста во светот“, напиша тој на Твитер.