Утрински Весник
Свет

Подољак: Русија лансира 120 проектили кон Украина

Подољак: Русија лансира 120 проектили кон Украина

Советникот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, денеска соопшти дека Украина и критичната инфраструктура на земјата биле погодени од 120 ракети лансирани од руските сили синоќа.

dobivaj vesti na viber

„Синоќа, 120 ракети прелетаа над Украина, лансирани од ‘злобниот руски свет’ за уништување на критичната инфраструктура и убивање цивили. Очекуваме дополнителни предлози од ‘мировниците’ на Руската Федерација за мирно решение“, напиша Подољак на „Твитер“.

Советникот на претседателскиот кабинет, Алексеј Арестович, на „Фејсбук“ напиша дека повеќе од 100 проектили ја погодиле Украина во неколку бранови, а алармите за воздушен напад се слушаат во целата земја.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk