Утрински Весник
Свет

Подољак: Ирански дронови секоја вечер ја напаѓаат Украина

Подољак: Ништо нема да се смени на бојното поле, ќе ја ослободиме нашата територија

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак изјави дека речиси секоја вечер ирански дронови ги напаѓаат украинските градови и дека Украина постојано повикува претставници на ОН да ги истражат соборените ирански беспилотни летала.

dobivaj vesti na viber

„Речиси секоја вечер иранските беспилотни летала Шахед ги напаѓаат украинските градови и ги одземаат животите на обичните луѓе. Во исто време, Русија цинично се обидува да го заштити Техеран во Обединетите нации, тврдејќи дека украинските приказни за иранските дронови се лажни. И сите климаат со главата, продолжувајќи да ги слушаат аргументите на земјата агресор. Циркус на тркала“, напиша на Твитер советникот на Зеленски.

Тој додаде дека Украина повеќе пати повикала претставници на Секретаријатот на ОН да ги испитаат соборените ирански дронови, бидејќи, како што наведе, таквото испитување ќе  овозможи да се наречат работите со нивните вистински имиња.

Можете да прочитате

Трамп и Путин слетаа во Алјаска

Лавров на Алјаска стигна со блузон на кој пишува СССР

Денеска ќе се одржи средбата Трамп – Путин