Утрински Весник
Свет

Подољак и’ одговори на Меркел: „Престанете да ги оправдувате и охрабрувате агресорите“

Подољак и’ одговори на Меркел: „Престанете да ги оправдувате и охрабрувате агресорите“

Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, ја критикуваше изјавата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека направила се’ за да го спречи избувнувањето на руско-украинската војна, обвинувајќи ја дека Европа целосно зависи од руските енергетски извори.

dobivaj vesti na viber

„Поранешната канцеларка Меркел, која ја направи Европа целосно зависна од руските енергетски извори, се правда: „Направив се што е можно за да ја спречам Русија да започне војна и за тоа добив… евтин руски гас“. Фантастично“, напиша Подољак на Твитер.

Тој го критикуваше и инсистирањето на Меркел на дипломатија и преговори, прашувајќи ја за што треба да се преговара.

„Повторно за евтиниот гас од Русија? Но, дали тоа мора да биде по цена на уништените украински територии и стотици илјади невини украински животи? И што е најважно – со кого? Со официјално признати меѓународни воени злосторници? По 430 дена брутална војна , дали е навистина можно толку длабоко да се презира слободата, толку отворено да се игнорираат руските масакри и толку отворено да се мрази правото на Украина на самоодбрана“, рече Подољак.

Тој и порача на поранешната канцеларка дека, доколку не може да ги исправи грешките од минатото, треба да престане да ги оправдува и охрабрува агресорите.

Меркел во вчерашното интервју за весникот „Czeit“ изјави дека ги искористила сите можни средства што и стојат на располагање во обид да спречи избувнување на војна во Украина.

Таа изјави дека многу разговарала со поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко и со актуелниот украински претседател Володимир Зеленски.

„Претседателот Зеленски беше многу критичен кон договорите од Минск. Тоа веќе го кажа и за време на неговата изборна кампања кога изјави дека ги смета за неостварливи“, рече Меркел.

Во интервју за истиот весник, објавено во декември минатата година, поранешната канцеларка на Германија изјави дека мировните договори од Минск во 2014 година само купуваат време за Украина.

Таа изјави дека „на сите им било јасно“ оти се работи за замрзнат конфликт и дека проблемот не е решен.

Рускиот претседател Владимир Путин подоцна рече дека изјавата на поранешната канцеларка е сосема неочекувана и разочарувачка.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници