Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Поднесена кривична пријава против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола со кои е стекната противправна имотна корист во висина од 106.200.000 денари

Policija Stanica Bitola.jpg
300x250 opst2

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Битола достави кривична пријава против лицата Б.М во својство на управител и сопственик и А.З. во својство на вработен во правното лице ДТПУ Марковски Компани Борче ДООЕЛ Битола и против лицата Б.Ч. во својство на  Раководител во Подружница РЕК Битола – Новаци во Сектор за производство во ПЕ Рудници во Рудник Брод-Гнеотино, Д.П. во својство на Технички директор на Рудници во Подружница РЕК Битола – Новаци, Д.В. во својство на Технички Директор на ПЕ Рудници при РЕК Битола, В.Ј. во својство на Помошник директор на производство во Подружница РЕК Битола – Новаци во Сектор за производство, П.М. во својство на Директор на АД ЕСМ, во државна сопственост Скопје – Подружница РЕК Битола – Новаци во период од 24.11.2021 – 03.09.2024 година, А.Ј. во својство на Раководител во Подружница РЕК Битола – Новаци, во Сектор за производство во ПЕ Рудници во Рудник Суводол во Служба производство и против правното лице ДТПУ Марковски Компани Борче ДООЕЛ Битола за сторени кривични дела “Злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 став 4 вв став 1 од КЗ и “Злоупотреба на постапка за доделување на договор за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство”, казниво  по член 275-в став 1 и став 3 од КЗ.

По превземени опсежни мерки и активности под раководство и во координација на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, Управата за финансиска полиција обезбеди докази за постоење на основи на сомнение дека петмина службени лица во РЕК Битола, односно тогашниот директор на комбинатот и четворица раководители и директори во ПЕ Рудници во РЕК Битола, во текот на 2023 година како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување според член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.


Сите тие не ја извршиле својата службена положба и овластување со намера на друг да му прибават корист, а да го оштетат комбинатот, односно спротивно на основниот рударски проект и на потребите на рудникот „Живојно“ организирале и реализирале јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во ПЕ Рудници – РЕК Битола. Притоа, свесно ги повредиле основните начела за економичност, ефикасност и ефективност од Законот за јавни набавки, иако знаеле дека за  транспортот на јаглен во рудникот Живојно до местото за дробење и до ПК Брод-Гнеотино, не е предвидена метода со континуирана технологија (роторни багери и транспортни ленти), туку со дисконтинуирана технологија (булдожери, багери и камиони).

При дефинирањето на условите за јавната набавка тие ги повредиле начелата на сразмерност и конкурентност и овозможиле на една фирма, односно на осомниченото правно лице, да се јави како единствен понудувач и да склучи договор за јавната набавка, односно да се стекне со противправна имотна корист од големи размери.

Тројца од горенаведените раководители и директори во ПЕ Рудници и уште едно службено лице во РЕК Битола се сомничат и за продолжено кривично дело – Измама во службата, бидејќи при реализацијата на договорот, иако знаеле и биле свесни дека правното лице воопшто не ги извршило договорните обврски, потпишувале записници и извештаи за извршена работа, со кои потврдиле дека во периодот од 26.02.2024 до 17.07.2024 година комплетно е извршена демонтажа, транспорт и монтажа на погонските станици од РЕК Осломеј во РЕК Битола.

Правното лице, сопственикот/управител и уште едно лице вработено во компанијата се сомничат дека иако биле свесни дека работите не се извршени, доставувале фактури врз основа на кои од РЕК Битола незаконито наплатиле 106.200.000 денари со вклучен ДДВ, со што сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик и јавно-приватно партнерство според член 275в од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Велевски: Кавадарци е наш дом, време е за достоинствена иднина, без корупција и крупни бизниси

Се огласи таткото на Мартин, кој загина во експлозијата во Белград: Тој беше измамен, не беше криминалец

Време е за ресет на системот, судиите мора да судат според законот, порача Мицкоски