Утрински Весник
Македонија

Подмладоците на СДСМ и на Сириза, потпишаа заедничка декларација за соработка и солидарност

Sdmm i siriza mladi.jpg
Dik 300x250 mk

Младинските организации на СДСМ и на Сириза, СДММ и СИ.РИЗ.А Младите, потпишаа заедничка декларација за соработка и солидарност!

Во заедничката објава на социјалните мрежи лидерите на Младинските организации на СДСМ и на Сириза, СДММ и СИ.РИЗ.А Младите, потпишаа заедничка декларација за соработка и солидарност Трајче Стојчевски и Панос Лабринидис Стахтос се повикаа на Преспанскиот договор како основа за ново пријателство и соработка, отворајќи нови перспективи за младите од двете земји.


„Го истакнуваме Преспанскиот договор како историски чекор напред за мир, меѓусебно признавање и регионална стабилност. Договорот отвори нови можности за соработка меѓу Грција и Северна Македонија, зајакнување на добрососедските односи и поддршка на патот кон интеграција во Европската Унија. Го гледаме ова достигнување како позитивен пример за тоа како прогресивните сили на Балканот можат да се спротивстават на национализмот и како дијалогот, компромисот и меѓусебно прифатливите решенија можат да донесат трајни придобивки за нашите народи, особено за помладите генерации“, се вели во објавата на Инстаграм.

СДММ и СИ.РИЗ.А Младите порачуваат дека „заедно, ќе разменуваат искуства, ќе ја зајакнуваат билатералната поддршка и ќе градиат нови мостови на соработка во име на европската иднина, демократијата и енергијата на младите“.

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“