Утрински Весник
Свет

Подметнати пожари и обид за саботажа, со цел да се парализира Париз за Олимписките игри

69771586 803.webp.webp

Француската железничка компанија (SNCF) соопшти дека нејзината брза железничка мрежа била нападната за да се парализира системот на денот на отворањето на Олимписките игри.

Наведоа дека пожарите се подметнати со цел да се оштети железничката инфраструктура и објекти. Извор близок до истрагата изјави за АФП дека нападот вклучувал акти на саботажа.

Цел на нападот биле неколку брзи линии на запад, север и исток од Париз, а на железничката станица Монпарнас се формирале долги редици.

„Пожарот ги оштети инсталациите, а нашите тимови се веќе на лице место за да извршат проценка и да започнат со поправки“, соопшти SNCF, додавајќи дека станува збор за „масовен напад чија цел е парализирање на железничката мрежа“.

Повеќе брзи возови ќе бидат пренасочени кон „конвенционалните линии“. Нормализирање на сообраќајот се очекува дури во понеделник.

Патрис Вергрите, министерот за транспорт, го осуди ова како „криминален чин“.

Амели Удеа Кастера, министерка за спорт, изјави дека станува збор за „страшен напад“ и дека моментално се проценува влијанието врз граѓаните, но и врз самите спортисти.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници