Утрински Весник
Македонија

Подкаст ЗРАК: Со само 12 години го победила ракот, Андријана со сведоштво за нејзината борба

Whatsapp Image 2024 12 29 At 19.58.30 3b217e4d.jpg

Во најновата епизода на подкастот ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ, се разговараше на темата канцер кај децата и предизвиците во нивната борба со страшната болест. 

Андријана Серафимовска, од САНО, здружение за подобро здравје, образование и социјална грижа со посебна емпатија кон деца со малигни болести, која и самата има пребродено канцер на коски на своја 12годишна возраст јавно објасни како минала нејзината борба против ракот.

„На 12 години ми беше дијагностицирана остеосаркома, тоа е еден вид на канцер на коски или во мојот случај, на левото колено. Тоа беше навистина голем шок за целото мое семејство. Се започна со интензивни болки во коленото, потоа отидовме да се снимам и директно не пратија во Државна болница. Таму се направи биопсија за да се открие дали е бенингно или малигно. Испадна дека е малигно и потоа бев префрлена на Детска клиника и од таму започна мојот протокол на лекување. Протоколот се состоеше од хемо терапии и од операција. Тој процес траеше скоро цела една година и денес веќе 14 до 15 години сум ремисија“ порача таа. 

Младата Андријана рече дека друштвото САНО е формирано со цел да им се помогне на децата кои се борат со ракот, но и да се поддржат нивните родители, како и да се зголеми јавната свест за карциномите кои ги погодуваат и децата. 

Целата епизода на подкастот на следниот линк.

Можете да прочитате

ЗБОГУМ НА 2024 И ТОПЛО ДОБРЕДОЈДЕ ЗА 2025 ГОДИНА ШТО ДА СИ ПОСАКАМЕ ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ 

Близначки првите бебиња годинава во Велес

Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен во сабота