Утрински Весник
Македонија

Подкаст Зрак – нова содржина на 24инфо посветена на здравјето

Zrakpodkast.jpg

Во период на хиперпродукција на подкасти, Хан продукција во соработка со 24инфо.мк започнува со продукција на видео содржини во кои се разговара за здравјето на сите генерации.

Во соработката во главна улога се наоѓа д-р. Марина Вукашиновиќ Столеска специјалист по онкологија и радиотерапија. Во недела започнува емитувањето на подкастот Зрак каде еминентни доктори, медицински лица и јавни личности ќе се зборува за превенцијата и лекувањето на тешки болести, со лични сведоштва на гостите и докторите.

Првата епизода ќе се емитува в недела на 27ми октомври во 21.00 часот, каде освен водителката д-р Марина Вукашиновиќ гости беа д-р Славица Чалческа раководител во ГОБ 8ми септември специјалист радиолог познатата Лила Филиповска која за прв пат, јавно ќе ги сподели своите искуства во борбата против карциномот на дојка.

Во продолжение извадок од гостувањето, а целиот разговор ќе можете да го погледнете во недела од 21.00 часот.

Можете да прочитате

Синот на Субрата Рој уште е на избирачкиот список

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија