Утрински Весник
Скопје

Подигнати 60 кубни метри отпад од диви депонии во неколку скопски општини

Viber Image 2024 08 19 11 28 05 336.jpg

Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 60 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во неколку скопски општини.

Активностите се реализираа на улиците Васил Чакаларов и Рузвелтова – во скопската општина Карпош и на булеварот Македонско-косовска бригада, во општината Чаир.

Утринава е забележано  одлагање големи количини отпад од картонска амбалажа на две локации во централното градско подрачје – на сообраќајна површина на булеварот Кирил и Методиј, како и на паркинг-просторот лоциран на улицата Димитрија Чуповски. Непрописно одложениот отпад беше подигнат и транспортиран од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Можете да прочитате

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје

Буџетот на општина Бутел ќе биде креиран со предлози од граѓаните