Утрински Весник
Македонија

Подгответе се: Се очекуваат обилни врнежи и силен ветер, од утре пад и на дневната температура

Dozd.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Под влијание на влажна воздушна маса, денес попладне, во текот на ноќта и утре се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека врнежите наместа ќе бидат пообилни, со над 15 литри на квадратен метар, и ќе има услови за ретки грмежи.

Покрај врнежите, најавено е и засилување на ветрот. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер со брзина од над 60 километри на час.

Како резултат на промената, дневната температура утре ќе опадне за неколку степени.

Во Скопје кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во текот на ноќта и утре ќе дува засилен северен ветер.

В среда и четврток се очекува да преовладува претежно стабилно време.

Нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат кон крајот на работната недела и во деновите од викендот.

Можете да прочитате

МЖСПП: Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките

Миноски: Економските мигранти се последно решение за проблемите на пазарот на труд

СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ, власта сака целосна контрола