Утрински Весник
Македонија

Подгответе се: Не очекува нова дестабилизација и промена на времето

Nevreme Turcija 696x399 1.jpg

Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време со пообилни врнежи и локално невреме.

Како што информираат од УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска во вечерните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде.

– Во текот на ноќта, наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер – стои во соопштението од УХМР.

Во Скопје денеска во вечерните часови, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и засилен ветер.

– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја – велат од УХМР.

Времето утре ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град.

Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток.

Под влијание на нова влажна и нестабилна воздушна маса врнежи повторно се очекуваат во петок.

Можете да прочитате

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“

Брачен пар физички нападнат во подземна гаража во Центар