Утрински Весник
Спорт

Поделени првите медали на ЗОИ: Злато за Швајцарија во машки спуст

Image 3.png

Првиот ден од Зимските олимписки игри започна утрово, а веќе е поделен и првиот комплет на медали.

Во машкиот спуст, најатрактивната дисциплина во алпско скијање, златниот медал го освои Швајцарецот Фрањо вон Алмен кој патеката ја помина за време од 1.15.61.

Зад него на подиумот се најдоа двајца Италијанци, Џовани Францони и ветеранот Диминик Парис кои освоија сребрен, односно бронзен медал.

Денеска медали ќе се поделат и во крос кантри, брзо лизгање и ски скоови (жени) како и во машката конкуренција на сноуборд.

ЗОИ 2026 во Кортина Милано ќе трае до 22 февруари.

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара