Утрински Весник
Економија

Податоци на УЈП за 8 поголеми синџири маркети, преполовен прометот поради бојкотот

Market Raf Sistemleri Nedir.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со оглед на интересот на јавноста, Управата за јавни приходи (УЈП) во рамки на своите овластувања ги доставува податоците од системот за регистрирање на готовински промет  (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година.  

Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. 


Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари. 

Во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од  213,985,705 денари. 

Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%.

Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%. 

УЈП ќе продолжи со мониторирање и анализа на овие трендови, како и информирање на јавноста за сите важни податоци кои ќе имаат влијание на економијата.

Можете да прочитате

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%

Синдикалната минимална кошница за декември изнесува 65.492 денари, со зголемување од 319 денари

Visa и Mastercard ќе платат 167,5 милиони долари за спогодба за банкоматските такси