Утрински Весник
Свет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи

Text max 1199 859.jpg
Dik 300x250 mk

Во урнатините по уривањето на зградата во градот Гебзе загинаа две лица, а спасувачките екипи се обидуваат да стигнат по уште тројца заробени станари кои се уште се живи.

Додека државната агенција Анадолија соопшти дека причината за уривањето не е позната, градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, изјави дека тоа би можело да биде поврзано со работите на блиското градилиште на метрото, пренесе Бета.


Според турските медиуми, само петчленото семејство било во зградата во моментот на уривањето, додека брачната двојка што живеела на средниот кат не била дома во моментот на инцидентот.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, вели дека спасувачката операција ја координираат гувернерот и градоначалникот на Гебзе, а учествуваат 147 спасувачи, вклучувајќи 80 од AFAD, како и членови на волонтерски организации и општината. Се користат две обучени кучиња-трагачи, осум уреди за откривање на заробени лица, два дрона и 52 возила.

Можете да прочитате

Масакр во Судан: Убиени над 2.000 цивили

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство