Утрински Весник
Македонија

Под контрола пожарот во атарот на село Никуштак, Липковско

20250903100109 big 730x400 93.webp.webp

Пожарот во село Никуштак, Липковско е под контрола, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

На пожарот кој избувна на 1 септември и зафати нискостеблеста деградирана шума вчера интервенирале екипи на Шумско стопанство. Во гаснењето на пожарот, што се наоѓа на непристапен терен, вчера во неколку наврати од воздух интервенирале и авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.


– Пожарот е целосно под контрола Утрово на терен се две екипи на кумановската подружница на „Национални шуми“, изјави заменик директорот на ЈП „Национални шуми“ Кире Михаилов.

Пожар имало и во село Матејче, горела нискостеблеста деградирана шума, а таму интервенирале екипи на Шумско стопанство и на Територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарот бил изгаснат во 18 часот.

Кумановската противпожарна единица интервенирала и во Проевце на запалено ѓубре, во Речица на опожарен помошен објект и на барања во транзитниот центар за мигранти во Табановце.

Можете да прочитате

Приведени 16 возачи, 11 од нив возеле без возачка дозвола

Вработен во „Македонски железници“ повреден од струен удар

За семејно насилство приведени шест лица