Утрински Весник
Македонија

Поцкова до Манолева: Дали со министерот ќе се борите да се врати достоинството на белиот мантил во Македонија?

Поцкова до Манолева: Дали со министерот ќе се борите да се врати достоинството на белиот мантил во Македонија?

„Денес дебатираме за изборот за заменици министри во Владата на Република Македонија. Ќе почнам со доктор Маја Манолева, потпретседател на Лекарска Комора и директор на Јавна здравствена установа – Завод за физикална медицина Скопје. И исто така е сопственик на приватна здравствена установа „Физиоплус – д-р Манолева“ заради што беше директно прозвана Државна комисија за спречување на корупција. Дали доктор Маја Манолева ќе ги реши горчливите проблеми во здравството заедно со министерот Фатмир Меџити? “, запраша Јадранка Поцкова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

Поцкова исто така во текот на својот говор ја запраша Манолева дали заедно со министерот ќе се борат да болните со ретки болести ги добијат своите лекови.

„Дали ќе ги подобри условите за работа во јавното здравство, тука мислам на реконструкција на здравствените установи, изградба на нов Клинички центар во Скопје, продолжување со изградбата на Клиничкиот центар во Штип и набавка на апаратура? Дали министерот и заменичката ќе ги земат на одговорност директорите на Фондот за здравствено осигурување? Дали ќе се прошири позитивната листа? Дали ќе се борат и ќе направат се за да се врати достоинството на белиот мантил во Македонија, и да престане миграцијата кон приватните здравствени установи и надвор од земјата? Затоа што последните три години се имаат иселено 2.200 доктори и 5.000 медицински сестри“, заклучи Поцкова.

Таа посочи дека здравствените политики треба да имаат приоритет бидејќи без здрава нација нема напредок во ниедна сфера во општеството.

„Предизвикот и одговорноста е голема, а времето ќе покаже дали и колку ќе се направи за подобрување и ставање на здрави темели на здравството“, заклучи Поцкова.

Можете да прочитате

ЦУК објави мапа – делови од државата се под висок ризик од пожари

Сабриу: Со ова темпо на реформи градиме пофер, похумана и порамноправна Македонија

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден