Утрински Весник
Македонија

Почувствуван земјотрес кај Струга

Почувствуван земјотрес кај Струга

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и во Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 24.2.2023 година, регистрира земјотрес на 109 км југозападно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Пештани – Охрид – Струга.

dobivaj vesti na viber

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 12.19 часот со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Струга и околината“, информираа од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ Скопје.

Можете да прочитате

Активни пожари во Гевгелија, Тетово и Крушево

Македонија до декември ќе ги исполни условите за „роаминг како дома“ со ЕУ

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје