Утрински Весник
Економија

Почнува „Технома 2025“

20251024152720 big 730x400 83.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Повеќе од 40 изложувачи од државава и регионот од денеска до четврток ќе бидат дел од Меѓународниот саем за енергетика и технологија „Енерго-Технома 2025“. Годинава, фокусот ќе биде ставен на одржливите решенија и технолошките иновации. 

Саемската манифестација ќе се одржува под мотото „Вклучи одржливи навики“. Од енергетски ефикасни решенија за домаќинствата до иновации што ги трансформираат производствените процеси, „Енерго-Технома 2025“ ќе обедини професионалци, технолошки ентузијасти и млади иноватори од различни делови на светот. На површина од  2.500 метри квадратни, ќе бидат презентирани производи и технологии од различни индустриски сектори, вклучувајќи енергетски постројки и опрема, системи за греење и ладење, соларна енергија, хибридни технологии, трансформаторски и климатизациски решенија, како и иновации од областа на роботиката и интелигентните системи.


Во текот на четирите дена ќе бидат организирани и над 20 стручни презентации и практични демонстрации, а дел од саемот се и младите иноватори од техничките факултети, кои ќе се претстават со нивните иновативни решенија. 

Една од темите за кои ќе се разговара е и циркуларната економија на која ќе бидат посветени пет панели преку кои ќе бидат прикажани добрите македонски примери и примерите од регионот, а ќе се разговара и за пристапот до финансии бидејќи воведувањето на циркуларноста е скап процес. 

Првиот саемски ден ќе биде отворен од 13 до 18 часот, во вторник и среда посетителите ќе можат да го посетат саемот од 10 до 18 часот, додека во четврток работното време ќе биде од 10 до 17 часот.

Саемот се одржува втора година по ред откако имаше пауза за време на Ковид кризата, а претходно се одржуваше на просторот на поранешниот Скопски саем. 

Можете да прочитате

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти