Утрински Весник
Македонија

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип, набавени рекордни 80.000 дози

Vakczinaczija.webp.webp

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu  или преку својот матичен лекар.

Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.


– Интересот на граѓаните за бесплатната вакцинација против сезонски грип секоја година е сѐ поголем, што покажува зголемена свесност за значењето за заштита од грип, и уште еднаш ја потврдува важноста и потребата од оваа превентивна мерка. Ги повикувам граѓаните, а посебно лицата од ризичните категории навреме да го заштитат своето здравје. Министерството годинава набави историски најголем број вакцини против сезонски грип – 80.000 дози четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија – истакна министерот за здравство, Азир Алиу.

Можете да прочитате

SafeJournalists: Македонските медиуми под континуиран притисок

Исмаил Али: Турција и Македонија градат партнерство

Миланов: Како може Максути да одговара за тоа што ’Пулс‘ немал противпожарни уреди?