Утрински Весник
Македонија

ПОЧНУВА НЕВРЕМЕТО: Македонија на удар на многу обилни дождови и опасност од поплави

Dozd.webp.webp

Под влијание на серија на големи влажни воздушни бранови од запад и истите се поврзани со циклонски систем со центар над Џенова во нашата Република Македонија до самиот крај од оваа недела следува многу нестабилно време со чести и обилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Сето ова ќе биде проследено и со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Процесите локално ќе бидат застапени во форма на невреме.

И во Скопје и околината до самиот крај од оваа недела времето ќе биде многу нестабилно со чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен до силен ветер од јужен правец а можна е и појава на грмежи.


На многу места во нашата Македонија ќе наврне големо количество на воден талог (над 50 литри дожд) а локално и над 80 литри дожд. Најмногу врнежи ќе имаме во западните предели каде тие ќе надминат 100 литри дожд а локално тие ќе надминат дури и 150/200 литри дожд до самиот крај од оваа недела. Токму поради ова расте можноста за зголемување на нивоата на реките и на езерата во нашата Македонија, а исто така можни се и локални поплавувања. Апелирам граѓаните поради ваквата ситуација да бидат крајно внимателни.

Особено внимателни да бидат возачите и да не се движат покрај водотеците.

Значително количество на дожд ќе наврне и во делови од Скопската котлина и тоа ќе надминува 30 литри дожд.

Што се однесува пак до температурите, и тоа поради изразеното јужно воздушно струње тие остануваат без промени во однос на оние температури кои ги имавме изминатите денови и тие ќе бидат натпросечно високи за ноември.

Можете да прочитате

Потоп во Македонија – УХМР соопшти каде наврна најмногу

Утврдена дискриминација врз 12.000 пензионери кои не го добија второто покачување од 2.500 денари, ускратувањето им го направиле недела дена пред да се донесат законските измени

Започна аплицирањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата