Утрински Весник
Македонија

Почнува манифестацијата „Смилевски конгрес“

20240516183438 Big 730x400 12 1.webp.webp

Во демирхисарското село Смилево денеска и утре првпат ќе се одржува манифестацијата „Смилевски конгрес“.

Се работи за нова национална установа под Министерство за култура, која од оваа година почнува со работа. Манифестацијата е оформена со цел афирмација, претставување и прославување на културното и историското минато на село Смилево, Смилевски конгрес, Даме Груев и нашата земја. Главната програма на манифестација „Смилевски конгрес“ ја сочинуваат две фестивалски вечери.

Првата вечер именувана „Омаја“ е насочена повеќе кон традиционалниот аспект на манифестацијата, каде традицијата е во служба на наративот, а никогаш чисто покажување на техника.

Првиот мултидисциплинарен настан од фестивалската вечер „Омаја“, во форма на музички и визуелни колоритни творби, ќе се обиде да ги детерминира и да приложи одредена поетика за трите суштински аспекти на проектот: музички, визуелен и изложбен.

Вториот дел од фестивалската вечер „Омаја“ замислен како прослава и славење на основањето на манифестацијата ќе биде одбележан преку музички концерт. Некои од уметниците ќе направат музички современ осврт на познатата песна „Смилево славно в оган гори“.

Целиот настан, преку ХНУ (истражувачко студио за храна, наука и уметност), ќе биде поддржан со кулинарските способности на некои уметници: уметниците готват специфични рецепти од нивната кујна и кулинарски навики за публиката.

R’n’T (rhythm and tangle) „ритам и плетка“ е концептот на втората фестивалска вечер, која повеќе е насочена кон современиот аспект на манифестацијата.

Во втората фестивалска вечер ќе настапат меѓународни изведувачи и македонски автори чии фокус е во современиот концепт на авторската уметност со нитки од традицијата, каде традицијата е во служба на наративот а не во чисто покажување на виртуозна техника или директна разголена естетика.

Манифестацијата „Смилевски конгрес“ е поддржана од Министерството за култура, Kromberg and Schubert Bitola, Smart Invest Group, De Niro Catering и Pela Rosa.

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година