Утрински Весник
Спорт

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот

Fudbal ek makedonija anglija 7.jpg

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за спорт, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска со настан во Јуроп хаус ќе го означат почетокот на кампањата против дискриминација во фудбалот и промовирање инклузија во спортот.

– Целта на кампањата е да се подигне свеста за појавата на дискриминација, пристрасност и стереотипи во фудбалот – со особен фокус на девојчињата, децата Роми и децата со попреченост – и да се зајакне реагирањето и пријавувањето преку официјалните механизми на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, соопшти УНИЦЕФ. 

Воведни обраќања ќе имаат министерката за образование и наука Весна Јаневска, претседателот на КСЗД Душан Томшиќ, генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, и претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер. 

На настанот ќе биде прикажан документарниот филм „Outraged“, ќе има панел-дискусија со фудбалери и креативна работилница со деца и фудбалери.

Можете да прочитате

Од кошмарот во Кардиф до четврти шешир: Македонија поразена 7-1 од Велс

Ракометарите на Вардар се вратија на првото место

Два златни, еден сребрен и еден бронзен медал за македонските таеквондисти на Европскиот куп „Бугарија Опен 2025″