Утрински Весник
Македонија

Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026

Ukim Univerzitet Sv Kiril I Metodij Kovid Protokoli 3 Bg Resize.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од денеска до 15 ноември ќе трае аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година.  Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат по  конкурсот за четири категории стипендиии.

Првпат оваа година Министерството распиша и  Конкурс за доделување 15 стипендии за редовни студенти запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето е исто така од 1 до 15 ноември 2025.


Овие стипендии се доделуваат врз основа на одредба од Законот за употребата на македонскиот јазик и се со цел да ги стимулираат учениците од IV година од средното образование за запишување на студиски програми по македонски јазик.

Во објавениот конкурс се наведени условите и потребните документи за оваа стипендија за која месечниот износ ќе биде 6.050 денари и корисниците ќе ја добиваат девет месеци во текот на студиската година.

Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука (www.mon.gov.mk)

Студентите заинтересирани да се пријават за некоја од стипендиите на МОН и кои ги исполнуваат условите од конкурсите може да аплицираат исклучиво електронски преку  платформата: www.e-uslugi.mon.gov.mk

Студентите имаат право да се пријават само за еден вид стипендија од Министерството за образование и наука.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен