Утрински Весник
Балкан

Почна со работа 5G мрежата во Србија

Telefon Shkolo.jpg

Од денеска корисниците на мобилни телефони во Србија имаат промена кај своите мобилни уреди, тие повеќе не се на 4G, туку на 5G мрежата.

Воведувањето на 5G мрежата значи многу побрз пренос на податоци.

Три оператори ја добија лиценцата за 5G мрежата во Србија: Телеком Србија, Јетел и А1, а вкупната вредност на лиценците е малку повеќе од 300 милиони евра.

Секој оператор ќе плати околу 100 милиони евра за лиценцата. Мобилните корисници мора да имаат мобилни уреди што ја поддржуваат 5G мрежата за да можат да ги користат сите нејзини предности. Во спротивно, ќе остане на 4G, јавија белградските медиуми.

Можете да прочитате

Уапсени десет лица во Грција за нелегален софтвер на бензински пумпи за точење помалку гориво од прикажаното

Албанија во 2025 година ја посетиле над 12,4 милиони странци

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесува оставкa