Утрински Весник
Скопје

Почна реконструкцијата на спортската сала на Работнички

Rabotnicki.jpg

Започна реконструкцијата на салата во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во Македонија, а со тоа е најавено и враќање на најтрофејниот кошаркарски колектив кај нас во својот дом, од каде мораше да се збогува поради несоодветни услови. Работите веќе се почнати, ќе се менува речиси сè, од 900 нови столчиња, до паркет, што ќе ги задоволи стандардите на ФИБА.

За таа цел, Работнички пред една година доби 500.000 евра за реконструкција на салата, додека пред два месеци му беа одобрени дополнителни 1,5 милиони евра.


По повеќе од 50 години започна целосната реконструкција на салата „Работнички“ – некогашниот симбол и гордост на Општина Центар. Оваа сала со децении беше запуштена и во катастрофална состојба, сега повторно ќе заживее!

Градежните активности се во полн ек, веќе се поставува нова фасада и нов покрив, по што следува клучниот дел – целосна реконструкција на теренот и гледалиштето според ФИБА стандарди. Салата ќе биде модернизирана и целосно прилагодена за тренинзи и врвни спортски настани.

КК „Работнички“ заслужува вистински дом, а со оваа реконструкција Општина Центар тоа ќе го обезбеди за својот најтрофеен клуб, отворајќи нови можности за успеси и давајќи поттик за понатамошен развој и подем на македонскиот спорт, потенцираа од Општина Центар.

Можете да прочитате

Герасимовски: Вечерва, џез верзија на македонски евергрини на пјацетата кај Италијанска амбасада

Позитив на денот: Две бебиња пингвини ја збогатија Скопската Зоолошка градина во Скопје

Град Скопје демантира: Немаме ние договор за ангажирање на уметници за 2024 година, таа обврска ја преземала Комората на музичка индустрија