Утрински Весник
Македонија

Почна пленарната седница за избор на владата

20240622110450 Big 730x400 53.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Собранието почна пленарната седница за избор на владата предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Се очекува Мицкоски да ја образложи програмата и предлогот за состав на владата по што треба да започне дебатата по предлогот.

 Според собранискиот Деловник, предвидено е седницата да трае најмногу два дена, односно треба да заврши најдоцна до утре на полноќ.

Владата ќе биде избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број на пратеници.

 На 18 јуни, по поднесувањето на предлогот за состав на владата, Мицкоски изјави дека очекува расправата да заврши до недела до полноќ, a од понеделник веќе да почнат со работа.

Најави бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и немање толеранција за никого, доколку стори злоупотреба, без разлика од која партија доаѓа.

Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор.

Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“.

Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ. 

Можете да прочитате

Ексдиректорот на затворот „Скопје“ доби осум месеци затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС тоне во хаос, ние носиме стабилност, економски раст и повисок стандард за народот 

Запленети над 6.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар