Утрински Весник
Скопје

Почна координативната средба на Арсовска со претставниците на советничките групи за излез од кризата на Град Скопје

Grad Skop E 1.webp.webp

Во Град Скопје почна координативната средба на претставници на советничките групи со градоначалничката Данела Арсовска на која се очекува таа да го презентира планот за излез од кризата во главниот град.

Средбата е затворена за јавност, а непосредно пред почетокот, координаторите на советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изразија оптимизам во однос на состанокот.

Мартин Стојановски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, изрази надеж дека овие средби во иднина ќе бидат отворени за граѓаните.

 – Жалам што очекувавме денеска да имаме седница на Совет, но, видовте дека имаме затворена координација, која според мене требаше да биде јавна. Се надевам дека во иднина овие координации ќе бидат отворени за јавноста, граѓаните навистина да можат да видат за што точно се работи, да ги слушнат аргументите и на советничките групи, и на градоначалникот, од другата страна, изјави Стојановски. Се надева дека предлозите ќе бидат прифатливи, издржани и аргументирани.

Координаторот на советничката група на СДСМ, Горан Шутаров очекува на средбата да биде предложен план којшто понатаму ќе треба да се изгласа.

– Oчекувам дека пред советниците на оваа координативна средба ќе биде предложен определен план што понатаму треба да се изгласа. Ние остануваме конструктивни во делот на прифаќање нa предлози и давање сугестии за тоа како може да се подобрат состојбите, исто како и во претходните две години, рече Шутаров.

Очекувањата од средбата, којашто е во тек, се градоначалничката Арсовска да презентира план за состојбата во хигиената и јавниот превоз во градот, конкретно за јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и за Јавното – сообраќајно претпријатие – ЈСП.

Наредната седница на Советот на Град Скопје е закажана за следниот четврток, на 29 август.

Можете да прочитате

Скопје утрово прв град во Европа по загаденост на воздухот – Трет во свет

Герасимовски: Реконструкцијата на „Елисие Поповски“ обезбедува современа и функционална инфраструктура 

Без вода неколку улици во Кисела Вода, „Тодор Чангов“ во Лисиче и дел од Студеничани