Утрински Весник
Македонија

Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита

20251006141134 big 730x400 15.webp.webp

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2025 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 06 Октомври  2025 година.


Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: 

 –  06.10.2025– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

 –  07.10.2025– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Можете да прочитате

(Видео) Проработе ,,Евзони” километарски колони за влез во Македонија

АА на Села ќе одржи партиско собрание на 27 декември

Британски медиуми: Македонија ќе добие до 20.000 фунти за еден мигрант