Утрински Весник
Македонија

Почна „Енерго-Технома 2025“ – на едно место ги спојува знаењето и технологијата за одржлива иднина

Screenshot 20251028 145702 gallery.jpg
Dik 300x250 mk

Со свечено отворање во арената „Борис Трајковски”, вчера започна четиридневната саемска манифестација „Енерго-Технома 2025″ под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Настанот се одржува под мотото „Вклучи одржливи навики” и годинава ги става одржливоста, иновациите и младинската енергија во прв план.

Отворањето се одржа во присуство на претставници од стопанството и академската заедница, меѓу кои и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Таа нагласи дека „Енерго-Технома 2025″ претставува платформа што ќе ги обедини знаењето, креативноста и индустрискиот напредок во насока на градење одржлива и иновативна иднина.


„Енерго-Технома 2025 претставува спој на идеи, визии и решенија. На едно место ги поврзува индустријата, науката, јавноста и младите иноватори. Со тоа создава мост меѓу академијата и реалниот сектор, поттикнува нови партнерства и отвора простор за развој на талентот и креативноста што ја имаме во изобилство. Горда сум што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е покровител на оваа манифестација, која ја покажува енергијата на новата генерација. Генерација што верува дека иновативноста и одржливоста одат рака под рака”, истакна Божиновска.

На отворањето се обрати и Даниела Глигоровска, извршен директор на „Скопски саем”, која го истакна значењето на саемот и како место за размена на идеи и поттикнување на соработки.

„’Енерго-Технома 2025′ годинава ги соединува иновациите, науката, индустријата и јавноста. Особено сме горди што го прошируваме фокусот кон одржливите решенија и што им даваме глас и простор на младите иноватори, кои се двигатели на промените. Веруваме дека токму преку оваа манифестација ќе се поттикнат нови соработки, идеи и партнерства што ќе носат реални придобивки за сите”, изјави Глигоровска.

На саемот учествуваат повеќе од 40 компании од земјата и регионот, кои ги презентираат своите најнови производи и технологии од енергетиката, соларните и хибридни системи, климатизација, интелигентни мрежи и автоматизација. Посетителите ќе имаат можност да присуствуваат и на стручни презентации, практични демонстрации и тематски дискусии. Посебен сегмент е резервиран за младите иноватори од техничките факултети, кои ги изложуваат своите проекти пред компании и институции, со можност за остварување практикантства или идни соработки.

„Енерго-Технома 2025″ ќе трае до 30 октомври и нуди богата програма посветена на енергетската ефикасност, циркуларната економија и иднината на одржливата технологија.

Денеска и утре, посетителите ќе можат да го посетат саемот од 10 до 18 часот, а во четврток од 10 до 17 часот.

Можете да прочитате

Закани со бомби во неколку основни училишта во Скопје и Куманово

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје повторно протестираа

Николоски: Од денеска за Мадрид се лета од Скопје, до сега воведовме вкупно 21 авиолинија, бележиме силен раст на патници на двата аеродроми