Утрински Весник
Балкан

Починатото дете имало само 7 години: напаѓачот се повредил и самиот себеси во училиште во Загреб

7 9 768x504 1.jpg

Како што пишуваат хрватските медиуми, напаѓачот се повредил самиот и му се помага додека истовремено е под полициски надзор бидејќи веднаш бил уапсен.

Починатото дете имало седум години и посетувало прво одделение, пишуваат хрватските медиуми.


Во Дневникот на ХРТ беше објавено дека децата кои го напуштале појадокот виделе крв во ходникот и млад човек како тепа момче. Почнале да бегаат, настанала паника.

Младиот човек потоа влегол во првиот час на кој наишол. Таму најверојатно избодел неколку деца. Потоа истрчал од училиште и побегнал во блискиот Здравствен дом, каде се заклучил во тоалетот и се обидел да се самоубие, дознава ХРТ, по што полицијата го спречила.

Според информациите од местото на настанот, напаѓачот бил облечен во црно.

На социјалните мрежи се шират непотврдени информации дека деца скокнале од прозорци.

На местото на настанот има многу полиција и најмалку шест возила на брза помош.

Страшен инцидент се случи во основно училиште во Пречко во Загреб, кога тинејџер (19) со нож нападнал наставник и неколку ученици, а едно дете починало, информираат од Министерството за здравство на Хрватска.

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград