
Почина жената која утринава беше прегазена во близика на трговскиот центар ,,Зебра” во Скопје.
Според информациите од МВР, возачот кој ја удрил 75-годишната пешачка се движел со голема брзина и по несреќата избегал од местото на настанот. Полицијата интензивно трага по возилото и сторителот.
Несреќата се случила на дел од улицата каде што нема обележан пешачки премин.На местото на ударот можат да се забележат скршен ретровизор и делови од пластика од автомобилот, како и траги од крв.

