Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Почина затвореник, кој бил на чекор да излезе од затворот во Шутка – играл фудбал, му се слошило, имало реанимација

Почина затвореник, кој бил на чекор да излезе од затворот во Шутка – играл фудбал, му се слошило, имало реанимација
300x250 opst2

Осуденик на година и половина затворска казна, почина во затворот „Скопје“ во Шутка. Тој бил на чекор за да излезе на слобода бидејќи отслужил најголем дел од казната. Станува збор за 54-годишен скопјанец, кој бил осуден за дрога.

dobivaj vesti na viber

Неофицијално, се сѐ случило додека осуденикот бил во шеталиштето на затворот. „Макфакс“ дознава дека тој играл фудбал, по што му се слошило. Затворските полицајци први истрчале на помош, а повикале и Брза помош. Имало обид за реанимација кој бил неуспешен. Неофицијално, причината за смртта е срце удар.

Осуденикот со иницијали Д.З. отслужувал казна во отворениот дел на затворот, каде престојуваат лица со ниски казни, кои отслужиле повеќе од половина. Станува збор за лице кое имало примерно однесување и не било проблематично.

Можете да прочитате

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца

17годишно момче тешко повредено откако паднало од мотор

Чупеска: Станавме заложници на внатрешно-политички игри и надворешни влијанија од авторитарни сојузи