Утрински Весник
Спорт

Почина Васил Рингов  – 24info.mk

Pochina fudbalskata legenda vasil ringov na 70 godishna vozrast 01.jpg

Почина Васил Рингов, еден од најдобрите македонски фудбалери. Оваа вест ја потврди фудбалската репрезентација на Македонија на својот фејсбук профил.

„Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство. Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината. Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина. Кога работеше, оставаше белег. Денес останува споменот за човек кој веруваше дека делото е поважно од зборот, а чесноста посилна од секој резултат. Како што велат, некои си одат, ама остануваат во игра. Почивај во мир, драг наш Васе“, стои во објавата.

Васил ја почнал кариера уште во тинејџерските години во ФК Беласица, пред да почне да игра за ФК Партизан во Белград. Има играно и за ФК Тетекс и ФК Вардар, а голем дел од 1980-тите бил и во Првата југословенска игра.

Можете да прочитате

Почина Ѓорѓи Божиноски, еден од основачите и спортски директор на КК Гостивар

Расел победи на спринтот на Големата награда на Кина

Рибакина ќе се соочи со Сабаленка во финалето на Индијан Велс