Утрински Весник
Магазин

Почина Трит Вилијамс, главниот актер на филмот „Коса“

Почина Трит Вилијамс, главниот актер на филмот „Коса“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Актерот Трит Вилијамс (71), кој ја одигра една од главните улоги во познатиот филм „Коса“, почина на 72-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Тој почина во сообраќајна несреќа, пренесуваат светските гласила.

Страшната несреќа се случила недалеку од неговиот ранч, кога актерот додека го управувал својот мотор, го удрил автомобил, пренесува „People“.

Веднаш по несреќата, Вилијамс со хеликоптер бил префрлен во болница каде што починал, потврди неговиот агент.

Неколку часа пред несреќата, Вилијамс објави видео на кое ужива косејќи трева на својот ранч.

Трит Вилијамс се прослави во светот на актерството со улогата во филмот „Коса“.

По „Коса“, за која беше номиниран за Златен глобус, Вилијамс играше во голем број филмови и серии.

Меѓу најпознатите се „Беше еднаш во Америка“, „Орелот слета“, „1941“, „Евервуд“ и други.

Тој беше оженет со актерката Пем Ван Сент и имаа две деца, синот Џил и ќерката Ели.

Можете да прочитате

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk

Руска салата – 24info.mk