Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Почина тренерот на Порто кој го освои Купот на шампионите

Footbalium.com 242 1024x576 1.jpg
Img 7972

Порто синоќа забележа победа над Арсенал, во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Португалците славеа со голот на Галено во 94.минута. Ноќ по големата победа, Порто објави тажна вест. На 78-годишна возраст починал Артур Жорж Брага де Мело Тешеира, поранешен тренер кој со Порто го освои Купот на шампионите во 1987 година. Во изјавата на неговото семејство, која ја пренесе „Абола“, се нагласува дека тој починал како последица на долго и тешко боледување. Во текот на својата кариера, од 1965 до 1978 година, Артур Жорж играше за Порто, Бенфика, Белененсес и Академика. Како тренер, најголемиот успех со Порто го постигна во 1987 година, кога ги предводеше „змаевите“ до трофејот во Купот на шампионите, победувајќи го Баерн во финалето (2:1), со антолигискиот гол на Алжирецот Маѓер. Освен Порто, меѓу другите клубови, како тренер ги водеше и Бенфика, ПСЖ, ЦСКА Москва, Тенерифе, Витесе… Кратко време беше селектор и на Швајцарија.

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај