Утрински Весник
Балкан

Почина српскиот режисер Здравско Шотра – творецот на „Зона Замфирова“ и „Бољи живот“

Zdravkosotra.jpg

Режисерот и сценарист Здравко Шотра, автор на некои од најгледаните телевизиски и филмски класици во поранешна Југославија, почина на 93-годишна возраст, пренесува РТС.

Во неговиот богат опус се вбројуваат повеќе од 120 филмски и телевизиски остварувања, меѓу кои култните „Зона Замфирова“„Лајање на ѕвездите“„Ивкова слава“, како и незаборавните серии „Врућ ветар“„Грлом у јагоде“ и „Бољи живот“.


Роден е во Столац во 1933 година, дипломирал режија во Белград во класата на професорот Вјекослав Африќ, а целата своја професионална кариера ја поминал на Телевизија Белград, каде што работел од нејзиното основање во 1958 година до 2001 година.

Можете да прочитате

Српската полиција уапси локален нарко-бос со компанија во Бугарија

Интересни детали од венчалниот лист на Тито и Јованка

Дронови и ласери во борбата против смогот во Сараево