Утрински Весник
Спорт

Почина Синиша Михајловиќ

Почина Синиша Михајловиќ

Синиша Михајловиќ почина на 53-годишна возраст. Легендарниот фудбалер ја загуби битката со тешката болест.

dobivaj vesti na viber

Михајловиќ е роден на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Израснал во локалното Борово, каде што ја почнал кариерата во 1986 година.

Две години подоцна се пресели во Нови Сад, Војводина, а во 1990 година пристигна во Црвена звезда, со која стана европски и светски првак.

По две сезони минати на „Маракана“, тој се пресели во Италија, каде што го стекна статусот на еден од најдобрите дефанзивци во Серија А во дресот на Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.

Беше специјалист за слободни удари и пенали, а важи за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот.

Тој го дели рекордот со Андреа Пирло за најмногу постигнати голови од слободен удар во историјата на Серија А – 28.

Со Лацио и Интер беше шампион на Италија, а со римскиот клуб ги освои и Купот на победниците на куповите и Суперкупот на УЕФА.

Прогласен е за најдобар фудбалер на Југославија во 1999 година.

За репрезентацијата одигра 63 натпревари и постигна десет гола.

Како тренер ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг и на крајот Болоња. Беше и селектор на Србија, а во 2019 година доби и признание за тренер на сезоната во Србија.

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата