Утрински Весник
Македонија

Почина поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов

560765874 1351282866368649 7080642176674754147 n.jpg

Поранешниот градоначалник на Кавадарци и пратеник во македонското Собрание, Панчо Минов починал денеска, на 67годишна возраст.

Минов во два мандати беше градоначалник на општина Кавадарци од 2000 до 2009 година.


Во Собранието пак, тој беше пратеник во два наврати, прво од 1990 до 1998 година, а втор пат од 2016 до 2024 година.

Во своето политичко делување Минов особен интерес покажуваше во борбата за потребите на земјоделците, особено за лозарите од Тиквешкиот регион.

На социјалните мрежи од него се опростуваат пријатели, политичари и јавни личности.

Можете да прочитате

Жена со нож го повредила сопругот во Кавадарци

Михаилов: Нема застанување – конфискувани 5 запрежни коли со нелегални дрва 

Алијансата за Албанците ќе го обжалат Законот за прекршоци до Уставниот суд