Утрински Весник
Балкан

Почина поранешниот албански премиер Фатос Нано

20251031150818 big 730x400 93.webp.webp
Dik 300x250 mk

Поранешниот албански премиер Фатос Нано почина на 73-годишна возраст по неколку неделно лекување во приватна болница во Тирана, каде што беше хоспитализиран во тешка состојба по срцев удар.

Веста ја објави „Euronews Albania“, наведувајќи дека Нано бил во тешка состојба со недели пред да им подлегне на компликациите.


Нано е една од клучните политички фигури на албанскиот транзициски период: основач и прв лидер на Социјалистичката партија и премиер во три мандати — кратко во 1991 година, потоа 1997–1998 и 2002–2005 — со улога во модернизацијата на левицата и европеизацијата на политичкиот систем во Албанија.

Во изминативе недели албанските медиуми редовно информираа за критичната здравствена состојба на Нано, вклучително и дека е во интензивна нега и на апаратури за одржување во живот, што го засили интересот на јавноста пред денешната потврда за неговата смрт.

Можете да прочитате

Српската полиција приведе две лица поради сомневање за напад врз уставниот поредок на државата

Српската Влада го прогласи 1 ноември за Ден на жалост

Вучиќ: Се извинувам за некои работи што ги кажав