Утрински Весник
Магазин

Почина пејачот Џозеф Марли, внук на Боб Марли

Почина пејачот Џозеф Марли, внук на Боб Марли

Џозеф Мерс Марли, внук на реге-легендата Боб Марли, почина на 31-годишна возраст, објави магазинот „Пипл“.

dobivaj vesti na viber

Неговиот портпарол ја потврди смртта. Џозеф бил пронајден во својот автомобил. Иако официјалната причина за смртта не е објавена, медиумите дознаваат дека починал од напад на астма.

Роден е во Јамајка во 1991 година, а на 11-годишна возраст се преселил во Мајами.

Џозеф својата прва песна ја објави во 2010 година, а целиот албум во 2014 година. Минатата година го издаде својот втор и последен албум.

 

Додека ја промовира својата музика, Џозеф со гордост говореше за својот славен дедо.

„Секогаш слушаме мислења на луѓето за улогата што тој ја имаше не само како член на семејството и татко туку и во светот и влијанието што го имаше врз реге-заедницата и културата воопшто“, изјави своевремено внукот на музичката легенда.

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци