Утрински Весник
Свет

Почина патник (33) на летот на Рајанер над Италија, во авионот била и неговата бремена сопруга

8be97d2b C9bc 49ed A2e7 5cd2eb0eca52.jpg

Вчера 33-годишен маж почина на летот на Рајанер над Италија додека неговата бремена сопруга седела во вториот ред од седиштата на задниот дел од авионот. Според италијанските медиуми, мажот починал од срцев удар.

Откако вчера наутро му се слошило на летот од Торино до Ламеција Терме, двајца патници обучени да пружат медицинска помош се обиделе да го спасат, а персоналот на авионот бил принуден да влезе со дефибрилатор, пишува ЛаСтампа. Авионот слетал назад во Торино 30 минути по полетувањето и лекарите веднаш влегле, но човекот бил прогласен за мртов на местото на настанот.

Неговата сопруга дознала за неговата смрт дури откако авионот се вратил во Торино, бидејќи седела далеку од него во задниот дел. Локалните медиуми јавуваат дека таа била однесена во блиската болница Сирие во состојба на шок.

По трагедијата имаше тврдења дека спасувачките екипи доцнеле на аеродромот. Сепак, тие тврдења се демантирани, а локалната здравствена власт тврди дека биле подготвени да пружат помош веднаш по слетувањето на авионот.

Можете да прочитате

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија