Утрински Весник
Балкан

Почина Јосип Манолиќ најдолговечниот хрватски политичар

1713164515 Josip Manolic 750x500 1.jpg

Почина Јосип Манолиќ најдолговечниот хрватски политичар на 105 годишна возраст. Беше припадник на КПЈ од 1939 година, учесник во Втората светска војна, еден од основачите на ХДЗ и носител на бројни државни должности. Поранешниот претседател на хрватската влада и најпознатиот хрватски шпион, Манолиќ, важеше за контроверзна личност во јавноста, со оглед на тоа што се критикуваат неговите активности во Удба, меѓу кои најмногу се истакнуваат обвинувањата во кои се обвинува за смртта на надбискупот Алојзије Степинац.
Од друга страна, тој беше меѓу клучните актери во периодот кога се создаваше хрватската држава, а во подоцнежните години од животот стана дел од културата на помладите генерации како последен член од генерацијата политичари кои ја создаде поновата историја на Хрватска.
Роден е на 22 март 1920 година во Калиновац кај Ѓурѓевац. Имал брат и две сестри, а татко му починал кога имал шест години.

Можете да прочитате

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца од нив загинале

Ѓедовиќ Хандановиќ: Побаравме пари за првата фаза од нуклеарната програма на Србија

Десетици трактори пред грчкиот Парламент во центарот на Атина – земјоделците со порака дека нивната битка продолжува